Ако деновиве посакате да погледнете некој лесен филм кога ќе завршите со сите обврски, имаме интересни предлози за кои подоцна ќе ни заблагодарите.

Иако станува збор за едноставни, романтични филмови кои ќе ги изгледате во еден здив и најверојатно ќе ги заборавите следниот ден, треба да се концентрирате на едно нешто – главниот актер!

Прекрасниот Ноа Сентинео е 22 годишен актер кој го освои Холивуд преку ноќ, благодарение на неговата фантастична насмевка и шарм со кој зрачи каде и да се појави.

Тој е дел од два нови филма на популарната мрежа Нетфликс, чија популарност порасна благодарение на згодниот Ноа.

Еден од филмовите е „Sierra Burgess Is a Loser“ кој раскажува приказна за една тинејџерка која ја сметаат за „губитник“ во училиштето која се здружува со најпопуларната девојка со која го менува идентитетот за да освои момче што и се допаѓа.

Низ целиот филм момчето мисли дека зборува и пишува СМС пораки со популарната девојка, но Сиера е таа која постојано му одговара и која вистински му го освои срцето.

Она што се проткајува низ целиот филм е пораката за тоа дека сите треба да се сакаат и да се прикажат себеси онакви какви што всушност се и да не посакаат да бидат некој друг, бидејќи  само на тој начин ќе си ја најдат среќата.

Сосема нормално, на крајот Сиера ја наоѓа среќата со згодниот Ноа, по што и во реалниот живот почнува огромната популарност на актерот и лудилото за него.

Благодарение на неговиот успех, Нетфликс го ангажираат во уште еден филм, „To All the Boys I've Loved Before“, кој е еден вид потсетување на добрите тинејџерски филмови што ги гледавме во 90 – тите.

Истиот доби навистина добри критики, а раскажува приказна за млада девојка која се договара со нејапопуларното момче во училиштето да лажираат врска за да го заборави момчето на сестра ѝ во кого е вљубена, а тој да ја направи поранешната девојка љубоморна.

Претпоставувате дека на крајот, тие вистински ќе се заљубат и приказната ќе има среќен крај за сите вклучени, но повторно, Ноа е тој на кого треба да се концентрирате.

За ултра кратко време бројот на неговите следбеници на социјалните мрежи неверојатно се зголеми, а тоа воопшто не треба да не чуди ако го земеме предвид неговиот неверојатен изглед.

Во галеријата погоре погледнете ги неговите најдобри фотографии и заљубете се на прв поглед!  

Фото: Cosmopolitan, Elle, Herald of Fashion, Narcity, Teen Vogue, Twitter, Variety, WWD

Објавено:
10 октомври 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
246 пати