Во 73-та година од својот живот, вчера почина актерката и модел Анита Паленберг, позната како муза на легендарните The Rolling Stones.

Веста за нејзината смрт ја објавила на својот Инстаграм профил Стела Шнабел, ќерка на филмскиот режисер и сликар Џулијан Шнабел, а причината сè уште не е посочена.

Фото: Vogue

Паленберг била особено популарна во период на 60-те и 70-те години на минатиот век, била ангажирана како актерка и модел, но исто така во јавноста била позната и како една од омилените девојки и музи на Rolling Stones.

Фото: BBC

Во универзумот на The Rolling Stones ќе влезе во средината на 60-те години, кога ќе се запознае со нив на еден концерт во Минхен. Започнала врска со поранешниот гитарист во бендот Брајан Џонс, но по две години раскинуваат по што започнува врска со Кит Ричардс. Заедно со познатиот музичар имале три деца, од кои едното починало уште како мало.

Фото: Larizia

Нивната врска била турболентна, често се соочувале со законот поради употребата на дрога, а се разделиле во 1980-та година. Но, и после нивната разделба останале во добри односи.
На филмското платно е позната по улогите во „Барбарела" и „Господин осамен", а исто така пеела и пратечки вокали на некои од песните на Стоунси.

Фото:Eveningstandard

Во средината на 90-тите години успеала да дипломира на отсекот за моден дизајн на престижниот „Сент Мартин" во Лондон, а во доцните 2000-ти пак се враќа во акција на големото платно, меѓу другото и со улогата во „Господин осамен".

Фото: Stormmodels

Во свое време била една од најпопуларните ИТ девојки и стилска икона, препознатлива по својот боемски-романтичен имиџ.

Родена е во 1944 година, од родители со италијанско и германско потекло.

Објавено:
15 јуни 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
939 пати