Бизнис колекција: Безвременска бела кошула со три уникатни здолништа!

18 декември 2014

Во пресрет на празниците, модната куќа Елена Лука ви предлага вистински елегантна комбинација составена од класична и безвременска бела кошула комбинирана со три различни здолништа.

Првата комбинација е составена од бела нежна кошула од памучен пуплин, која наместо класична јака, има шал јака која може да ја врзувате во зависност од вашата креативност.

За бескрајно елегантни доживувања, кошулата комбинирајте ја со уникатно црно здолниште до колена, изработено од брокат кое во пределот на половината има превртувања со што добива особен дизајнерски печат.

Во втората комбинација, белата кошула комбинирајте ја со елегантно темно сино здолниште со должина до колената. Здолништето е особено впечатливо благодарение на единствениот патент во сребрена боја поставен на средината. Во пределот на половината, здолништето има интересно превртување во црна боја, со што на здолништето му дава уникатна нота.

Третата комбинација што ја предлагаат од модната куќа во пресрет на бескрајните новогодишни прослави, повторно ја вклучува белата кошула, овој пат, комбинирана со светло сиво здолниште. Истото е особено уникатно, благодарение на пределот кај џебовите каде има превртувања од еднобоен црн материјал.

Без разлика на тоа што и да одберете, ние веруваме дека ќе оставите впечаток на силна и самоуверена дама каде и да се појавите!

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Без категорија