Фустан со должина до колена со три-четвртни ракави е едно од есенцијалните модни парчиња во плакарот на секоја  деловна дама.

Предноста на овој тип на фустан е што соодветно може да се комбинира и на работното место, но и во амбиент на различни свечени и неформални настани.

Модната куќа Елена Лука во својата актуелна Бизнис колекција нуди богат избор на фустани со таков крој изработени од различни материјали и со различни дезени со цел да се прилагодат во стилските профили на деловните жени.

Едната варијанта е фустан изработен од брокат во кралско сина боја со парче во V израз во пределот на деколтето кое е финиширано со брендирана златна плочка.

Втората варијанта е фустан со истиот крој, меѓутоа овој пат со пепито дезен кој соодветно може да се комбинира со црно деловно сако и елегантен бисерен накит.

Објавено:
13 јануари 2015
Категорија: 
Без категорија