Остануваат уште само неколку дена до вашата матурска ноќ, а вие се уште немате одбрано фустан. Елена Лука е модна куќа што секогаш е во чекор со светските модни трендови, па затоа и денес специјално за вас матурантките одбра гламурозен стајлинг што претствува софистицирана мешавина на бои, кроеви и форми со цел да се задоволат модните преференци дури и на најприбирливите. Уникатен дизајн преточен во оригинална модна визија е вистинкиот избор за вашата матурска ноќ.

Станува збор за долга тоалета во интензивно црвена боја целосно изработена од свила. Горниот дел е корсетиран и украсен со стилизирана игра од слоевити парчиња материјал, а долниот дел е во сирена крој и нежно паѓа по должината вашата фигура. Креативниот тим на модниот бренд на оваа креација и додаде специјален моден детаљ. Станува збор за круна во златеста нијанса, лиена од месинг на која што и се додадени специјално изработени делови во филигранска техника и масивна плочка во средината на која што е испишано логото на куќата.

Луксузната композиција и хармоничниот спој на црвените и златните тонови, надополнети ги со избор на мала клач-чанта изработена од сјајна златна кожа и сандали со ремчиња кои потсетуваат на филигранската техника од која што е направена и круната, исто во златна нијанса. Нагласете ја вашата аристократска моќ и понесете ја титулата за најстилска кралица на вашата матурска забава.

 

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Без категорија