banerEL26

Иако времето надвор му пркоси на доброто расположение, сепак брендот Елена Лука овој понеделник  подготви романтичен стајлинг за матурската вечер, што несомнено кај многу девојчиња ќе предизвика насмевка на лицето.

Денешниот избор е зелен фустан, со корсетска изведба во горниот дел, додека здолништето од половната има фалти што придонесуваат за поголем волумен. Она што исто така го прави овој модел изработен од брокат привлечен, освен убавите зелени нијанси, се и златните проткаени нишки, како и цветниот принт, со што уште повеќе се нагласува вашата женственост и нежност.

За контраст, со фустанот е искомбиниран црн ремен, што во предниот дел се врзува во панделка. Во истите нијанси - црна, зелена и пастелно розова, се и розите од кои е составена елегантната чантичка. А, за комбинацијата да биде комплетна и сведена, изброт на накит, како и елегантни сандали со ременче, се исто така во црна боја.

Оваа комбинација е одличен избор за оние што на матурската ноќ сакаат да изгледаат софистицирано, елегантно, а сепак младешки и свежо.

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Без категорија