banerEL30nov

Врнежливото време сигурно ви ја отежнува потрагата по идеалната креација во која треба да блеснете за вашата матурска ноќ. Модната куќа Елена Лука која што веќе пет години ткае успешни модни приказни и денес не ги заборави матурантките.

Денеска ви претставуваме интересна композиција на долга црна тоалета која во предниот дел е пократка, а од страните има материјал што лелеаво паѓа по должината на вашата силуета и му дава волумен на самиот фустан. Горниот дел е корсетиран за да ја нагласи вашата половина, а впечатливоста на деколтето е доловена со суптилна игра на рачно навезена тантела која што нежно е исткаена низ одредени делови на креацијата. Дизајнот е во А-крој, неверојатно модерен и целосно изработен од  органтин.

За да се добие гламурозен акцент тоалетата ќе ја комбинирате со сандали и чанта од најновата колекција на модни додатоци „Златни узди“. Станува збор за сандали изработени од високо квалитетна сјајна лакирана кожа надополнети со синџирче во златна боја кое е украсено со округла плочка на која е изгравирано името на модната куќа. Чантата е изработени од истиот материјал како и сандалите и претставува инвентивен спој на геометриски форми што кулминираат со златниот детаљ на кој што е испишано името на брендот. Чекорете самоуверено, чувствувајте се кралски и бидете најубавата девојка на вашата матурска ноќ.

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Без категорија