Сонцето денеска конечно реши да ги протегне своите нежни зраци, иако по малку срамежливи, ама сепак нека бидат доволен стимул за вас матурантките да се инспирирате и конечно да ја одберете идеалната креација за вашата матурска ноќ.

Како и секогаш, модната куќа Елена Лука и денес има интересен предлог стајлинг, што сигурно ќе ви се допадне. Станува збор за фустан со принцес конструкција, целосно изработен од тафт материјал во боја на сино море. Горниот дел е корсетиран со спуштена половина и впечатлива адаптација на прерамка само на едното рамо, украсена со цветен детаљ изработен од PVC материјал и нежни светкави монистра. Долниот дел пак, е широко здолниште со должина до над колена кое нежно е собрано со фалти на половината, а долниот дел е нагласен со раскошно стуткување на материјалот за да потсетува на морските бранови.

Со овој неверојатно младешки и модерен дизајн комбинирајте плик чанта во сребрена воја и сандали со ремче на глужд, попрскани со сребренкасти светки. Поради впечатливоста на композицијата накит не е потребен. Сирените се најубавите морски суштества, а со комбинацијата на Елена Лука вие можете да бидете вистинска убавица на вашата матурска забава.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Без категорија