Еуфоријата по повод матурските забави официјално започна. Доколку изгледот сè уште ви задава „главоболки“, тогаш немојте да се грижите. Модната куќа Елена Лука и денес ви нуди одлично решение со кое ќе ги засените сите со вашата појава на матурската ноќ.

Најновата колекција за сезоната пролет-лето 2014, насловена „Златни узди“ едноставно вклучува модели на дизајни кои што ја нагласуваат елеганцијата и суптилно го откриваат модниот сензибилитет кај секоја девојка. Денешниот фустан е целосно изработен од органтин материјал, и претставува навистина впечатлива игра на кроеви кои што ја нагласуваат вашата провокативност. Горниот дел е во транспарентен органтин во црна боја и има вграден градник изработен со рачни везови од златна тантела. Тоалетата е стегнатата на половината со украсно златно копче на кое што е испишано логото на куќата. Долниот дел е транспарентен органтин во бела боја и брановидно се лелеави по должината на вашата силуета.

За да се долови раскошниот гламур на фустанот му е додадена наметка во бела боја која брановидно паѓа по должината на вашиот грб и нежно се влече додека чекорите.

Водени од идеите на светските модни дизајнерски имиња брендот Елена Лука изработи и специјална колекција на чевли и чанти која што совршено одговара со денешниот предлог стајлинг. Затоа ве советуваме да одберете клач-чанта во асиметрична форма врамена во правоаголен облик изработена од високо квалитетна сјајна лакирана кожа во црна боја, украсена со златна плочна на која што е испишано логото на брендот. Соодветно на чантата ви предлагаме и сандалите да ви бидат од истата колекција, изработени од високо квалитетна сјајна лакирана кожа во црна боја, надополнети со златни синџирчиња, споени со златна кружна плочка на која што е вметнато логото на куќата.  Уживајте во гламурот и екстравагантноста на единствениот и оригинален дизајн создаден од Елена Лука, со љубов само за вас.

 

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Без категорија