Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #10

5 јуни 2014

Во пресрет на убавиот сончев и продолжен викенд модната куќа Елена Лука се инспирираше од нежните цветни тонови на летото и вечерната магија на црвеното вино, па и денес ви нуди интересни креации со кои ќе го обоите секојдневието и ќе уживате во ноќта.

За дневниот предлог стајлинг, брендот ве советува да одберете краток коктел фустан во пастелно розова боја, изработен од високо квалитетен сатен. Креацијата ја следи силуетата на вашето тело и е со должина до над колена. Впечатливоста на моделот е доловена со странична апликација на тантела во форма на цветови попрскани од двете страни чиј дизајн се издолжува до под половината, а во горниот дел завршува со конструкција на прерамки. Фустанот комбинирајте со чевли на потпетица во бежова боја.

За вашето вечерно појавување, Елена Лука ве советува да одберете краток коктел фустан во црвена боја. Композицијата има пресечен струк, а е изработена од комбинација на памучен сатен и ликра. Посебноста на овој модел е акцентирана во горниот дел каде имаме игра со апликации од тантела во форма на цветови, дискретно „попрскани“ со стаклени камчиња. Овој модел комбинирајте со елегантни чевли на потпетица исто така во беж нијанса.

Заведувањето е карактерна особина која жените најдобро ја владеат, затоа одберете еден од овие стајлинзи и препуштете и се на магичната убавина која само моделите на Елена Лука можат да ви ја овозможат. Чекорете самоуверено  и чувствувајте се удобно во овие елегантни, префинети и неодоливи креации.

 

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија