Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #18

17 јуни 2014

Немојте да дозволите дождливото време да ви го расипе расположението. За да го „обоите“ и онака тмурното време дотерајте се и направете стилска комбинација со која ќе плените каде и да се појавите. Модната куќа Елена Лука секогаш ги исполнува вашите желби и потреби во поглед на стилизирањето на вашето модно секојдневие. Така и денес вредниот тим подготви интересни стајлинзи со кои ќе блеснете и во текот на денот, но и ќе заведувате во текот на ноќта.

За вашиот дневен стајлинг  Елена Лука ве советува да одберете краток коктел фустан кој елегантно ја следи линијата на вашето тело. Станува збор за интересна  игра на кроеви и парчиња кои во вид на мозаик го украсуваат фустанот. Смирената бежова нијанса во комбинација со златно виолетовите парчиња во предниот и страничниот дел од фустанот му даваат неверојатна  суптилност. За да се нагласи идeaлната силуета на женското тело фустанот на струкот е пресечен со паспули. Оваа креација комбинирајте ја со чевли на висока потпетица во беж боја.

За вашиот вечерен стајлинг брендот ви предлага едноставен и софистициран коктел фустан изработен од памучен сатен во темно виолетова боја. Впечатливоста на моделот е акцентирана во пределот околу деколтето кое е изработено од високо квалитетна тантела извезена со цветови низ кои дискретно се попрскани светкави камчиња. Креацијата комбинирајте ја чевли со висока потпетица исто така во беж нијанса.

Креативноста е особина која ја поседуваат само оние што  умеат знаењето и својот талент да го искористат за да изработат вистинско модно ремек дело. Тимот на Елена Лука ги знае вашите најскриени тајни и секогаш ве изненадува со уникатни креации и дизајни.

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија