Црвеното е секогаш во мода. Никогаш нема да погрешите доколку се одлучите вашиот стајлинг да биде целосно обоен во бојата на виното и љубовта. Инспирирани од девизата на Бил Блас: „Кога не знаете што да облечете, носете црвено“, модната куќа Елена Лука своите обожавателки реши денес да ги изненади со едноставен коктел фустан во црвена боја.

Моделот е со должина до над колена и е целосно изработен од високо квалитетен памучен сатен. Фустанот е во А- крој и ја следи линијата на телото. Во горниот дел е тесен со рачно изработена апликација од стаклени камчиња на едното рамо, додека во долниот дел се шири во А линија.

Бидете едноставни, модерни и елегантни.

Објавено:
16 јули 2014
Категорија: 
Без категорија