На македонската модна сцена Елена Лука се изгради како бренд кој вртоглаво брзо стана препознатлив белег на модниот изглед на голем број девојки и жени. Модната куќа секогаш се води од девизата дека желбата на секоја дама е да биде убаво облечена, а нејзината креација да биде во хармонија со карактерот, убавината, шармот и нормално актуелните тенденции.

Креативниот тим на брендот и денес реши да ви понуди одлично решение за сите ваши модни „главоболки“. Станува збор за романтичен коктел фустан. Моделот е изработен од сатен, врз кој е додадено парче на мрежест тул, инвентивен момент кој суптилно ја збогатува композицијата и му дава свежина на целиот изглед. Фустанот во горниот дел е корсетиран и нежно го нагласува деколтето и вратот, ја следи линијата на силуетата и ги нагласува вашите идеални пропорции. Едноставната линија и минимализмот во однос на кројот ја прават оваа креација елегантна, моќна, женствена и уникатна.

Нагласете го вашиот префинет моден вкус и одберете дел од моделите на Елена Лука.

Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Без категорија