Секој ден е создаден за да блеснете во најдоброто модно светло, а притоа да  функционирате со полни гради самодоверба. Модната куќа Елена Лука како и секој работен ден, така и овој ви предлага алтернатива од својот богат спектар на уникатен македонски дизајн,  за сите жени кои преферираат да се издвојуваат со својата стилска оригиналност.

Веруваме дека за повеќето од Вас меѓу омилените  парчиња облека ги вбројувате коктел фустаните, а токму еден таквов модел  во темно црвена боја нека биде изборот за вечерните летни денови. Коктел фустанот е изработен од пријатни и лесни материјали како памучниот сатен и свилата, кои се изработени во деликатна техника што само дополнително ја „зачинува“ уникатноста и сензуалноста од креацијата.

Бидете секогаш свои и изберете ја Елена Лука!

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Без категорија