Дами, денеска дозволете си да бидете понесени од шармот на пеперутките. Не само оние кои ви „летаат“ во стомакот, туку и оние кои ќе го нагласат вашиот стил и чувство на мода. Креативниот тим на модната куќа Елена Лука за овој викенд ви советува да блеснете во креација со која дефинитивно ќе ги соберете сите воздишки и погледи.

Станува збор за тоалета која ја следи линијата на женската силуета, а во долниот дел завршува во благ сирена крој. Креацијата е изработена од високо квалитетен сјаен сатен во темно виолетова нијанса. Голиот грб низ кој дискретно се преклопуваат тенките прерамки ја нагласува сензуалноста и женственоста на вашето тело, а рачно извезената пеперутка со стаклени украсни камчиња во делот кај половината, дава доза на отменост и префинетост.  Препуштете и' се на модната фантазија и магичното кралство на модели потпишани од единствената модна куќа Елена Лука.

 

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Без категорија