Сите некогаш сме сонувале да бидеме балерини и барем еднаш да го облечеме раскошниот балетски костим. Дизајнерскиот тим на Елена Лука воден токму од вашите желби и потреби креираше креација која е инспирирана токму од балетскиот костим, адаптирана и надополнета со многу стил, елеганција и женственост.

Станува збор за коктел фустан во црна боја, кој во горниот дел е изработен од транспарентен шармес низ кој шармантно е аплициран обработен светкав материјал кој во пределот кај деколтето завршува со паспул. Долниот дел е здолниште изработено од кристален тул во А-форма на кое во горниот дел му е вграден нежен сатенски појас за да се нагласи делот околу половината.

Почувствувајте ја магијата на сцената, бидете и вие дел од модната приказна која Елена Лука веќе пет години успешно ја ткае за сите вас кои сакате да презентирате префинети, гламурозни и отмени модни визии.

 

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Без категорија