За последниот викенд од најтоплиот месец во годината, август, модната куќа Елена Лука ви предлага едноставна и елегантна креација во која ќе се чувствувате пријатно, женствено и софистицирано.

Станува збор за дводелен модел на корсет и здолниште. Корсетот е изработен од сатен во нежна пастелно розова нијанса, низ кој шармантно е навезена композиција од црна цветна тантела. Здолништето пак е целосно во полн глок, изработено од комбинација на црн сатен и тул за да се добие волуменозен ефект. Она што е убаво кај овој модел е тоа што парчињата се одвоени, па здолништето и корсетот, можете да ги комбинирате со други парчиња облека и да креирате инвентивни модни визии со кои сигурно ќе бидете забележани.

Флексибилноста, креативноста и желбите на клиентите се главните адути кои модната куќа Елена Лука успешно ги вклопува во секоја нова модна приказна.

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Без категорија