Започнете го стартот од месец септември  со стил и широка насмевка. За тоа да биде така повторно се погрижи дизајнерскиот тим на модната куќа Елена Лука.

Денешниот стајлинг е краток коктел фустан во свежа сина боја. Креацијата е целосно изработена од високо квалитетен сјаен сатен и во горниот дел шармантно е украсена со рачна апликација на сребреникава срма во форма на цветови и нежно попрсканa монистра.

Впечатливоста на моделот е нагласена со инвентивниот крој во долниот дел чија структура е претставена со здолниште на преклоп декорирано со фалти на половина за да се нагласи струкот на женската силуета.

Бидете позитивни, модерни и трендовски настроени со моделите на единствената модна куќа Елена Лука.

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Без категорија