Капсулна колекција на Елена Лука за новогодишната вечер

24 декември 2014

Кон крајот на годината, кога уживаме во последните бранови на годинешното патување, модната куќа Елена Лука подготви вистинско задоволство за своите клиенти. За да ја заокружи успешната 2014 – та година, тимот на модната куќа создаде капсулна новогодишна колекција составена од најубавите празнични фустани. Во уникатната колекција ќе најдете парчиња за сечиј вкус, почнувајќи од шик куси фустанчиња, па сѐ до долги, свечени тоалети. По тој повод, Елена Лука направи и одлична фотосесија преку која одблизу ќе можете да ги погледнете сите нивни новогодишни предлози, вклучувајќи ја и шминката и фризурата целосно создадени од модната куќа. Во моделите на Елена Лука, оваа година ќе бидете кралица на вашиот простор, главна хероина која цврсто стои на својата флота! Во продолжение, погледнете го секое едно парче што модната куќа го изработи специјално за сите свои клиенти, како заокружување на успешната година во која секој ден беше исполнет со многу насмеани лица и задоволни потрошувачи.

За приказната да биде целосна, нашата кралица ја сместивме во ресторанот „Галија Ројал, Македонија“, што како амбиент дозволува да се раскаже една ваква раскошна приказна.

Краток шик фустан, изработен од срмена, минималистичка чипка... Краток шик фустан, изработен од срмена, минималистичка тантела...

Краток фустан во бела боја. Горниот дел е цврсто корсетиран, а долниот е мек и лелеав. Краток фустан во бела боја. Горниот дел е цврсто корсетиран, а долниот е мек и лелеав.

Црна, елегантна, свечена тоалета. Комбинација од две различни материи со страничен шлиц што само ја надополнува и онака прекрасната композиција. Црна, елегантна, свечена тоалета. Комбинација од две различни материјали со страничен шлиц што само ја надополнува и онака прекрасната композиција.

Коктел фустан во нежна златна боја, изработен од чипка со аплицирани детали. Коктел фустан во нежна златна боја, изработен од чипка со аплицирани детали.

Црн коктел фустан, изработен од чипка со златни детали распоредени по површината. Црн коктел фустан, изработен од чипка со златни детали распоредени по површината.

Гламурозна свечена тоалета со впечатливи и раскошни украси во долниот дел. Гламурозна свечена тоалета со впечатливи и раскошни украси во долниот дел.

Поминете незаборавна новогодишна ноќ во новите раскошни и уникатни модели од капсулната колекција на модната куќа Елена Лука!

Објавено:
24 декември 2014
Категорија: 
Без категорија