За WOW на неделата ја избравме неодоливата, шармантна и сексапилна Шарлиз Терон. Актерката на гала забавата на Салвадоре Ферагамо во Лос Анџелес се појави во фустан во црна и златна нијанса од Александар Меквин. Изгледот го надополни со мала црна чанта, едноставна фризура и минимална шминка, па токму поради тоа овој драматичен изглед го оценуваме со чиста десетка.

За LOL на неделата ја избравме британската пејачка Елиза Дулитл која на забава во Лондон се појави во креација на Џулиен Мекдоналд. Иако станува збор за брендирано парче сепак креацијата бара дополнување со модни додатоци со цел целото внимание да не биде насочено кон длабокото деколте и долгиот шлиц.

Објавено:
22 октомври 2013
Категорија: 
Без категорија