За WOW на неделата ја избравме Ема Стоун која на премиерата  на филмот „The Amazing Spider man 2: Rise of Electro“ во Берлин се појави во креација која не наврати во времето на холивудскиот гламур. Актерката изгледаше сензационално во фустан од пред – есенската колекција на Шанел зз 2014 година, кој го имаше искомбинирано со сандали од Кристијан Лубутан.

За LOL на неделата ја избравме Кети Пери која на фестивалот Коачела се појави во дводелна комбинација од краток топ и здолниште со шлиц во сина нијанса со цветен принт и црни чизми. Пејачката пред се одбрала облека која воопшто не одговара на нејзината телесна конструкција и изгледа како да немала што друго да облече за фестивалот. Второ, комбинацијата со чевлите и зелените прамени на косата воопшто не се вклопуваат со изборот на облека и трета и последна причина е што има недостаток на модни додатоци кои можеби би го промениле вкупниот впечаток.

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Без категорија