За WOW на неделата ја избравме  Дајан Кругер која на промоцијата на втората сезона од серијата „The Brigde“ во кој игра еден од главните ликови, се појави во креација од Ролан Муре, односно пенкало здолниште и краток топ во црна боја со бели точки. Сепак тоа што направи актерката да биде нашиот избор за најубав стајлинг на неделата е дополнувањето на модните парчиња со ефективни модни додатоци. За комплетирање на изгледот, Кругер одбра клач чанта од Пјер Харди и впечатливи чевли од Џими Чу во жолта боја.

За LOL на неделата ја избравме Кери Расел која на црвениот килим на промоцијата на филмот  „Dawn of the Planet of the Apes“ во Лос Анџелес се појави во монохроматска комбинација на горен и долен дел од Моник Лулие.  Волуменозноста на креациите придонесоа актерката некако да се изгуби во целосниот аутфит, односно би било многу подобро кога здолништето со А- крој би било комплетирано со горен дел кој би бил струкиран. Токму затоа, Кери е нашиот избор за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Без категорија