За WOW на неделата ја одбравме Нина Добрев, ѕвездата од серијата „Вампирски дневници“ со потекло од Бугарија, која за овој настан носеше краток топ и кратки пандалони со принт од Вионет. Изгледот го надополни со плетенка на страна, клач чанта и розови салонки. Изборот на креацијата дополнително придонесе до израз да дојде одличната телесна конституција на актерката и токму затоа сметаме дека нејзиниот аутфит е вистинскиот избор за најдобар стајлинг на неделата.

За LOL на неделата ја одбравме слатката Хилари Даф која за овој настан одлучи да носи краток црн топ со црвени цветни апликации на едната страна и кожено црно миди здолниште со висок струк и џебови на предната страна. Изгледот го надополни со црни класични салонки и клач чанта. Тоа што е апсолутно погрешно во изборот на овој стајлинг е должината на здолништето која воопшто не одговара на нејзината висина, туку напротив наместо визуелно да ја направи повисока, изгледа ниско. Токму затоа Хилари Даф е нашиот неделен избор за најлош стајлинг.

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Без категорија