Атлас на убавината - жените ширум светот

18 февруари 2015

Убавината е во различноста, тоа е основната порака на генијалниот проект „Атлас на убавината“ во која се прикажани специфичностите на жените од 30 земји во светот, што во суштина и ги прават различни.

Зад оваа иницијатива стои романската фотографка Михаела Нороч, која пред неколку години дала отказ од своето работно место со цел да се препушти на авантурата да прошета добар дел од светот и да направи еден свој фото-атлас на женската убавина од која првично била инспирирана. Целта на овој проект е да прикаже дека секоја жена, со сите нејзини национални обележја и индивидуални карактеристики е единствена, уникатна убавина и дека во тоа е суштината на различностите. Наспроти масовните трендови кои наметнуваат едноличност во изгледот на жените, оваа силна порака што ја испраќа авортката на проектот, треба да не врати на вистинските вредности и природниот изглед.

Во проектот, во форма на портрети се фотографирани различни типови на жени, со различни професии: од продавачки на пазар до студентки на Оксфорд.

Во галеријата во продолжение имате можност да го „разлистате“ фото-атласот на женската убавина.

 

 

Објавено:
18 февруари 2015
Категорија: 
Фото галерија