Со причина се нарекуваат дестинација од соништата, бидејќи нивниот изглед е чудо на природата кое не само што ќе ги исполни вашите мечти и скриени желби, туку ќе ви ги разнежни сетилата за да видите дека природата е необична и неверојатна ризница на убавини.
Одбравме да ве „однесеме“ на Малдивските острови. Без разлика дали ова егзотично место отсекогаш било на листата дестинации кои сте сакале да ги посетите или можеби е изборот за да го поминете вашиот меден месец со саканиот, едно е сигурно дека ќе ве освојат на прва.
Прекрасната лагуна, опкружена со долгите бели песочни плажи, тиркизното море и дрвените куќички кои ви нудат поглед каде небесната и морската шир ги соединуваат своите хоризонти, а сончевите зраци нежно ја галат вашата кожа се идеално место каде може да го поминете вашиот годишен одмор.
Авантурата наречена Малдиви е всушност островска нација која ги спојува Индискиот Океан и Арапското море. Областа се состои од двоен синџир на дваесет и шест корални острови. Најмалата азиска држава е бисер кој секоја година доаѓаат да го посетат милиони луѓе од различни страни на светот со различни цели и желби. Дел од нив доаѓаат да уживаат во убавините на островите, дел за да го кажат судбоносното „Да“, дел за да го истражуваат богатата плејада на морска флора и фауна која едноставно фасцинира, дел за да го поминат својот меден месец, а дел пак, за да го задоволат поривот на својот немирен дух и жедта за откривање и посета на неверојатно прекрасни места.
Додека сте на Малдиви омилен спорт ќе ви биде нуркањето или управувањето со мало бродче, ловењето риба за забава, но и лежењето под дебелите сенки од палми. Сигурно ќе ви се допаднат и обичаите на мештаните кои обожаваат да се веселат со звуците на тапаните. Урбанизираниот дел е исто така мошне среден и во срцето на градот ќе најдете буквално се што ви е потребно. Ривиерата е исто толку ѕвездена и волшебна колку и преубавите плажи.
Доколку и вие сакате да доживеете едно поинакво искуство кое ќе го паметите цел живот погледнете ги фотографиите и дозволете да ве понесе крајбрежната рапсодија на природните убавини кои ќе ги освојат вашите срца и ќе направат да уживате во белиот песок, бистрата вода, а морските школки и риби ќе ви ги откријат приказните кои ги кријат овие егзотични острови.
Дел од нашите туристичкин агенции веќе имаат ангажмани и за оваа неодолива дестинација, па доколку имате можности дозволете си едно вакво магично патување.
Објавено:
1 август 2014
Категорија: 
Фото галерија