Драматичен оптикум во каталогот за „ELigion“ на Елена Лука

3 октомври 2014

Мистиката, драмата, новата модна религија сведена на борбата помеѓу доброто и злото прикажана преку контарстот на доминантните црна и бела во новата колекција на Елена Лука насловена „ELigion“, се главната тема и во каталогот за актуелната линија на брендот за сезоната есен-зима 2014/15.

„Колекцијата се издвојува со оргинален и препознатлив стил и силен драматичен оптикум, кој е спој од богат избор на кроеви и конструкција во комбинација со разновидна материја. „ELigion“, е колекција исполнета со карактеристична структура и слоевита распределба на материја, која се состои од уникатни детали, рачни доработки и аксесоари за различен тип на силуета“, стои во описот на каолекцијата во каталогот.

Фотографиите кои се реализирани на сцената на МНТ, каде што беше и промовирана „ELigion“, ги потпиша познатиот фотограф Дарко Мораитов, додека драматичната шминка и фризура се на Зоки Давитков.

 

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија