Џон Леџенд и неговата полугола сопруга секси за GQ

29 јануари 2015

Во пресрет на празникот на вљубените, GQ направи фантастична фотосесија со Џон Леџенд и неговата сопруга Криси Тејген кои изгледаат позаљубени од кога и да е.

Фотосесијата е направена на неколку различни локации низ Њујорк, меѓу кои и хотелска соба, ноќен клуб и галерија.

На една од фотографиите, прекрасната Криси се капе во луксузна када, додека нејзиниот сопруг ужива во чаша шампањ додека и наздравува на нејзината убавина.

На следната фотографија, шармантната манекенка ужива на една од масите во ресторанот, додека нејзиниот сопруг се насладува гледајќи ја страсно во минималистичкиот црн фустан со длабоко деколте од колекцијата на Сен Лоран.

Особено интересен е нејзиниот стајлинг на фотографијата направена во една галерија на Менхетен, каде таа носи секси дводелна комбинација на Hѐrve Lѐger, составена од куси панталончиња и краток топ со долги ракави со интересен принт.

Покрај секси фотосесијата што шармантната двојка ја сними за GQ магазинот, во интервјуто тие говорат и за некои сериозни моменти од нивниот живот и работа.

Додека сме во исчекување на новиот број на магазинот, погледнете што да очекувате!

Објавено:
29 јануари 2015
Категорија: 
Фото галерија