Ен Хатавеј на насловната на Harper's Bazaar порачува: „Ве сакам сите“!

10 октомври 2014

Ако мислевте дека шармантната актерка Ен Хатавеј е „добра “девојка, тогаш сте биле во голема заблуда, бидејќи на насловната за ноемвриското издание на Harper's Bazaar таа е секси заводничка!

„Сакам да станам посмела. Ќе почнам да ги носам во јавност фармерките на мајка ми коишто воопшто не се поправени, бидејќи така сакам и бидејќи така се чувствувам добро“, изјави актерката.

Во интервјуто специјално за магазинот актерката зборува за нејзината кариера и провокативноста во поглед на облекувањето.

„Иако  постигнав навистина одличен успех, не ми беше лесно. Многу луѓе ми нагласија дека не сум секси, а сексапилот продава, но и покрај тоа јас имам Оскар во рацете. Јас сум отворена личност и ги прифаќам новите тенденции во поглед на живеење, мода, технологија. Тоа што не ја градам мојата популарност и кариера со разголување, заводливост и сексапил е мој став и мој принцип кон што јас се прдржувам. Повторно ќе кажам дека разголувањето не е секогаш „виза“ за успех во Холивуд. Јас мислам дека со мојата пристојност и скромност многу повеќе провоцирам, отколку ако сум разголена. Се што е прикриено и тајно привлекува повеќе внимание од она што е веќе однапред лошо сервирано и лесно достапно“, раскажува Хатавеј.

На прашањето дали некогаш изгледала предизвикувачки, без размислување Ен вели дека тоа е розовиот фустан на Оскар де ла Рента што го носеше на Оскарите.

„Сега кога ќе размислам, тоа е дефинитивно најпровокативниот фустан што некогаш сум носела. Можеби на некои не им изгледаше така, но за мене тоа беше тоа“, вели актерката.

Во рамки на интервјуто има и одлична фотосесија, а честа да ја фотографира актерката му припадна на Алекси Љубомирски, додека за прекрасните стајлинзи се погрижи Џоана Хилман која одбра креации од модните куќи на Армани Приве, Версаче, Скјапарели и Мезон Мартин Марџела.

 

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија