Фасцинантната вила на Калвин Клајн во Мајами го одзема здивот!

10 јуни 2015

Како што се и неговите дизајни проткаени со неверојатно чисти линии и неутрални палети на бои, домот на светски познатиот дизајнер Калвин Клајн одушевува со неверојатната елеганција и минимализмот.

Резиденцијата на дизајнерот во Мајами е веќе на продажба, но тој не сака да ја продаде било кому. Оваа прекрасна куќа датира уште од 1929 година, а опкружена е со восхитувачки водени површини.

Неговата резиденција ја дизајнирал Аксел Верворд и се состои од пет спални соби, седум бањи, огромен базен, мебел од бамбус и многу рачно направени украси.

Речиси целиот ентериер во куќата е во бела боја, а секаде преовладуваат чисти линии и голем број антиквитети, со што владее една совршена естетика по која дизајнерот е познат.

Со оглед на неговата одлука да се пресели во Холивуд, оваа прекрасна резиденција е ставена на продажба, но новиот сопственик мора да задоволи некои критериуми на самиот дизајнер.

Како што тој изјави за магазинот Page Six, продажбата на било кому би му го скршила срцето, бидејќи резиденцијата тој ја смета за уникатна и единствена за него.

При само еден поглед на врвната изработка и работите со кои куќата располага, мораме да се сложиме со одлуката на дизајнерот да не ја продаде било кому, бидејќи навистина е посебна!

Објавено:
10 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија