Во екот на прекрасната есен, на само неколку чекори пред долгата, студена зима, ние поминавме еден одличен ден во коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани.

Токму таму, го снимивме нашиот есенски едиторијал со парчиња какви што сакаме да носиме оваа сезона.

На самиот ранч нѐ дочека неверојатно позитивна и смирувачка атмосфера во каква што сакаме да ни минува буквално секој ден.

Прекрасната Лина од Моделс Ин одлично се снајде во главната улога на нашата „Модна приказна надвор од градот“, презентирајќи ги на посебен начин сите парчиња од пријателите Fashion Group.

Преку едиторијалот, сакавме уште еднаш да ви ги доближиме сите есенски трендови и комбинации што можете да ги направите со само малку фантазија.

Како неизбежни, задолжителни парчиња за оваа есен се пончото во кафени нијанси, чизмите со интересна должина до над глуждовите, топлите плетени фустани, волуменозните џемпери, комбинацијата на топли парчиња со лелеави цветни фустанчиња, но секако и елегантните фустани без кои една дама не може да си го замисли плакарот.

Во сите овие парчиња и комбинации можете да ги правите сите убавини што со себе ги носи најромантичното годишно време.

Уживајте во долгите прошетки по жолтите лисја, сакајте ги животните...дружете се со нив, посветете си цел еден ден на себе... и не заборавајте, љубете бескрајно во оваа долга, шармантна есен!

Локација: Коњички клуб „Дона“

Комбинации: Елена Лука, Mango, Springfield, Bata, Parfois

Шминка и фризура: Елена Лука

Модел: Лина Палазова, Моделс Ин

Стајлинг: Fashionel.mk

Реализација: Fashionel.mk

Објавено:
16 ноември 2015
Категорија: 
Фото галерија
Прочитано:
2.378 пати