Временските амплитуди, последниов период имаат навистина екстремни движења. Свежи утра, врнежливи ноќи, сончеви денови, малку ветре... Се чини дека, временската прогноза не само кај нас, туку шармантно ги менува температурите и во Европа.

Шпанија е прекрасна и сончева земја каде туристичката сезона е во полн ек но, поради нестабилните временски рамки дури и Шпанците не знаат како да ги дефинираат своите модни изрази. Деновиве во Барселона заврши фестивалот „Primavera Sound Barcelona“, на кој учество земаа неколку познати музички бендови. Фотографите ја искористија оваа прилика за да уловат неколку интересни стрит стајлинзи. Понекогаш е убаво кога температурните разлики осцилираат  бидејќи тоа ви дозволува да експериментирате со вашиот стил.

Шарено, опуштено, лежерно и урбано, така од прилика се претставија дамите и господата во оваа светска метропола. Од она што можевме да забележиме од фотографиите омилен моден додаток на сите девојки им е лентата, односно марамата за коса и цветниот принт, а кај момците очилата за сонце и шарените чорапчиња. Во секој случај уникатни и мошне оригинални модни перцепции кои сосема заслужено се најдоа во фокусот на фотообјективите. Уживајте!

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија