ФОТО: Британија го слави раѓањето на новата принцеза!

2 мај 2015

Рано утринава, поточно во 8.34 часот по локално и 9.34 по средноевропско време, Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон го донесе на свет своето второ дете. Како што многумина претоставуваа, таа роди девојче, тешко 3.7 килограми.

Веќе со денови обожаватели на кралското семејство кампуваа пред лондонската болница Сент Мери, каде Кејт во јули месец пред две години го роди и принцот Џорџ. На породувањето присуствувал и принцот Вилијам, кој кон болницата се упати со синот првенец.

Вилијам и Џоџр заедно и’ посакаа добредојде на малата принцеза Вилијам и Џоџр заедно и’ посакаа добредојде на малата принцеза

За раѓањето на новата британска принцеза информирани беа секако кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, принцот Хари, како и другите членови на кралското семејство и семејството на Војвотката од Кембриџ.

Според кралските правила, малата принцеза е четврта во редот за престолот, зад својот дедо Чарл, таткото Вилијам и братот Џорџ.

Инаку, познато беше дека Вилијам и Кејт не сакаа однапред да го знаат полот на второто дете, што уште повеќе ги разгоре обложувалниците во Британија.

Како пренесува британскиот телеграф, раѓањето на принцезата на британската економија би требало да ѝ донесе околу 150 милиони фунти.

Всушност, како се вели во нивното пренесување, не само обложувачите, туку и целата нација посакувала да се роди девојче.

Не е тајна дека голем број трговци веќе со месеци се подготвуваа за големиот ден, надевајќи се дека кралското бебе ќе ја зголеми нивната заработувачка, но и генерално економијата, бидејќи како пренесуваат тамошните медиуми, довербата на потрошувачите веќе извесно време стагнира, а националните финансии се во црвена фаза.

Раѓањето на принцот Џорџ пред две години му донесе на стопанството околу 247 милиони фунти.

Центарот за истражување на трговија предвидува дека во наредните недели зголемувањето ќе се движи околу 80 милиони фунти, од 20 до 25 милиони фунти ќе се потрошат на сувенири, додека остатокот ќе се троши на храна, торти, шампањ и слично.

Но, обложувалниците сега чекаат нови заработки и тоа од името на малата принцеза. Британците најмногу типуваат на Шарлот, Алис, Елизабета, Викторија и Дајана.

Метежот околу болницата Сент Мери нема многу да стивне, бидејќи освен името, сите со нетрпение очекуваат да ја видат и поздрават новата принцеза.

Задоволство и среќа за новата правнука се читаше на лицето на кралицата Елизабета Втора, која посебно за оваа пригода се облече во розова боја.

Кога Кејт излегуваше од болницата со Џорџ, светот поради стајлингот ја спореди со Дајана. Дали ќе биде и овој пат така, останува да видиме.

А еве како изгледаше кога Дајана го донесе на свет вториот син, принцот Хари, пред 30 години:

Објавено:
2 мај 2015
Категорија: 
Фото галерија