Фузија од улични димензии на фестивалот „Dimensions“ во Пула

5 септември 2014

Еден од најатрактивните фестивали за електронска музика „Dimensions“ кој од 27-ми до 31-ви август се одржа во хрватскиот град Пула, покрај фузијата од музички битови успеа на едно место да сплоти и луѓе со различни модни идентитети.

Помеѓу настапите на 200 врвни изведувачи од електронската сцена, неповторливиот шмек на римскиот амфитеатар и дружбите на изгрејсонце, кај публиката освен споделената позитивна енергија, е споделена и перцепцијата во однос на бескомпромисноста при изборот на  индивидуален визуелен израз.

Во стиловите кај присутната публика заедничка е лежерноста, удобноста, ексцентричноста и урбаноста, но кај секој манифестирани на различен начин.

Некои без многу размислување околу изгледот апсолутно се препуштиле на забавата, додека други уживале при изборот на соодветни аксесоари (најчесто тоа се очила за сонце, сламени шешири, ранчиња и многу накит) со кои го финиширале својот фестивалски изглед. И секако костимите за капење со откачени принтови и пораки, се задолжителни!

 

 

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија