Изминатата година дефинитивно имаше многу настани по кои ќе остане запаметена. Направивме мала селекција од преголемиот број фотографии што ги одбележаа изминатите 365 дена, со посебен акцент на модните моменти и манифестации.

2014 – тата беше година кога една од најпознатите манекенки во светот Кејт Мос наполни 40 – години, Кара Делевињ и Кендал Џенер ги „окупираа“ модните писти, шоуто на Викторија Сикрет за прв пат се одржа во Лондон, Џорџ Клуни се откажа од животот на ерген...

Во галеријата подолу ќе видите и дел од оние настани што вистински ја одбележаа годината, а кои не беа модни како Светското првенство во фудбал, раѓањето на принцот Џорџ, многуте премиери на одлични филмови, но и доделувањето на Медалот на слободата на одличната Мерил Стрип.

Со шолја кафе и добро друштво, погледнете дел од фотографиите што дефинитивно ја одбележаа изминатата година.

Уживајте!

Објавено:
26 декември 2014
Категорија: 
Фото галерија