Гумените чизми-омилени кај публиката на Гластонбери

30 јуни 2014

Не се ни сомневавме дека и годинешново продолжение на музичкиот фестивал Гластонбери во Англија, целосно ќе ги оправда високите очекувања како во однос на музичката програма, така и кога се работи за креативноста во комплетирањето на урбаните улични изгледи.

Фестивалот финишираше вчера, по што и очекувано ја отвори темата за највпечатливите стајлинзи на присутната публика, но и на музичките гости кои сцената на Гластонбери ја трансформираат во музичко-моден спектакл.

Лили Ален позната по својот неконвенционален однос кон уметноста и овој пат се издвојуваше на сцена во тотално откачени стајлинзи кои ги поврзуваше доминантната розова боја. Додека меѓу публиката девојките се забавуваа во лежерниот бохо стил, надополнет со аксесоари на кои не се штедело на реси, кратки шорцеви во бројни варијанти, хипи фустанчиња и неизбежните високи гумени чизми.

Лили Ален Лили Ален

Машкиот дел од публиката приоритет и даде повторно на удобноста: вреќести панталони, предимензионирани јакни, високи гумени чизми-што впочем беше и основниот заеднички детаљ со женските комбинации, но и очилата со огледало ефект.

Фестивалското лудило многу наскоро го пренасочува фокусот во наша близина: Exit започнува на 10-ти јули, а ние со нетрпение очекуваме да видиме како нашата публика знае умешно да ги спои своите омилени урбани парчиња и да ја заокружи сликата на музичката еуфорија со модни примеси.

Рита Ора Рита Ора

M.I.A M.I.A

Лана Дел Реј Лана Дел Реј

Стела Мекартни Стела Мекартни

Лили Ален Лили Ален

Бредли Купер Бредли Купер

 

 

 

 

 

 

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија