Инвентивноста во индивидуалната машка улична мода

19 декември 2013

Улицата оддамна е урбана разгледница на инвентивни индивидуалистички изгледи и токму тука на најдиректен начин може да се почуствува духот на градот. Во поглед на креативноста, не постои апсолутно никакво правило, а уште помалку поделеност помеѓу мажите и жените, туку се се сведува на личноста. Се почесто вниманието  го привлекуваат оние мажи кои во целиот тој сплет на држење, став, избор на детали, комбинација на парчиња, гласно кажуваат: Ова сум јас!

 

Џентлмен

Деловниот изглед во никој случај не би требало да значи монотонија. Напротив, бизнис светот комплетно го менува својот лик: од изгледот на канцелариите до состаноците во пријатно и неформално опкружување во некое кафуле, па токму поради тоа може да си дозволите и покреативен израз кога вашиот изглед е во прашање. Комбинација на посмели бои и впечатливи детали се вистинскиот избор со кој ќе се издвоите од масата.

street-mens-gq-05

street-mens-gq-10

street-mens-gq-13

 

Индивидуалноста е во деталите

...А ги има во голем избор. Вратоврска со интересен принт, кариран шешир, капче со интересна апликација, чанта во силна боја.

Алтернатива

Музиката која ја слушате, омилените автори и книжевни дела, личните интереси, вашата припадност на одредена субкултура најдиректно ја кажувате преку облеката.

 

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Фото галерија