Најрадикалниот моден став на сезоната истовремено е и најтрадицоналниот – свилени и сатенски кимона позајмени од јапонската иконографија преведени на современ стилски јазик. Ова е сржта на модниот едиторијал наречен „Источно од рајот“ објавен во мартовскиот број на магазинот W. Драматичните фотографии се на дуото Мерт Алас и Маркус Пижо, а стајлингот составен од парчиња на Том Форд, Диор, Прада, Џон Галијано, Гучи, Хајдер Акерман и Александар Меквин го направи Едвард Енинфул.

 

 

 

Објавено:
29 мај 2013
Категорија: 
Фото галерија