Кои се најпрестижните шопинг улици во Европа?

16 април 2014

Old Bond Street во Лондон Old Bond Street во Лондон

Секое патување на одредени дестинации со себе носи приоритети за посета на места што првин ќе ги задоволат нашите туристички, а потоа и шопинг апетити.  Во продолжение ги изгвојуваме најпрестижните шопинг улици низ Европа кои вреди да ги запаметите. Лондонската улица Old Bond Street  ја носи титулата за најскапа европска шопинг локација. Изнајмување простор токму таму, според статистиките се проценува дека чини вртоглави 850 фунти за метар квадратен. На улицата покрај продавниците на најголемите модни брендови  застапени се и голем број златари и специјализирани продавници за изработка на скапоцен накит.

Bahnofstrasse во Цирих. Bahnofstrasse во Цирих.

На второ место, се наоѓа Banhofstrasse, улица во Цирих каде  метар квадратен изнајмен простор чини повеќе од 200 фунти. Првата тројка на листата ја заокружува париската улица Елисејски полиња. Потоа следувааат Via Monte Napoleone во Милано и московската Столешникова улица. Најпознатите шопинг улици во Рим, Виена, Женева, Минхен и Берлин ја затвораат топ десет листата.

улицата Елисејски полиња во Париз улицата Елисејски полиња во Париз

Воопшто не треба да не зачудува фактот што токму Лондон го држи  првото место, затоа што отсекогаш важи  за омилена дестинација на голем број трендсетерки и модни фанатици ширум светот. Сепак, шопинг улицата во англиската престолнина, не може да се споредува со Њујоршката Петта Авенија или улицата Казвеј во Хонг Конг, чиј елитизам барем во доследно време не може да биде надминат.

Via Monte Napoleone во Милано Via Monte Napoleone во Милано

Столешников улицата во Москва. Столешников улицата во Москва.

 

Објавено:
16 април 2014
Категорија: 
Фото галерија