Костимите од претставата „Лисистрата“ во нова уметничка димензија

27 декември 2014

Костими со своја тежина, текстура, изработени од богати материјали, со рачна изработка, копчиња, тантели, интересни кроеви и работи се дел од успешноста на најновата претстава на Театар Комедија насловена како „Лисистрата“, а изработени од модната куќа Елена Лука. Во сооднос со претставата, костимите имаат и кабаре позадина.

Елена Лука наменски за претставата изработи и класичен тип корсет и корсет од нетрадиционален материјал како силикон, кој потоа е рачно досликуван во боја за поголем ефект. И машкиот и женскиот костим се одвоени како во боја, така и во форма, според потребите на ликовите по текст, дејствие и време.  Имајќи предвид дека има силна и разиграна кореографија сите костими се предвидени да бидат крајно удобни, флексибилни и функционални.

Меѓутоа, во продолжение ви пренесуваме еден поинаков агол од овие театарски костими, фотографирани во уметнички занос надвор од театарската сцена. Нивната артистичност е до толку моќна што владее и надвор од сцената за која се примарно наменети, а доказ за тоа се и овие фотографии.

Главната улога во претставата и беше доделена на актерката и актуелна директорка на културната институција Театар Комедија, Јелена Жугиќ, а режисерката палка ја имаше Наташа Поплавска, музиката беше на Огнен Анастасов, костимографијата на Елена Лука, а кореографијата на Олга Панго. Претставата која беше комплетно во кабаре – стил, „зачинета“ со многу пеење, танцување и играње е по текст на Аристофан, а покрај Жугиќ на сцената ги видовме и останатите членови на семејството на Театар Комедија. Премиерата ја имаше на 21-ви месецов.

 

 

 

 

Објавено:
27 декември 2014
Категорија: 
Фото галерија