Во мартовскиот број на американското издание на Harper's Bazaar, ќе имаме можност да уживаме во одличниот едиторијал во кој како диско дива се појавува Лејди Гага.

Футуристичката преадаптација на ретро-диско фазонот очигледно е сосема соодветен амбиент за Гага која владее со фото-објективот на нејзиниот пријател-фотограф, Тери Ричардсон.

„Денес се чувствувам многу пријатно во своја кожа. Кога бев помлада, постојано чувствував притисок да бидам нешто што не сум за да постигнам некаков успех“, вели ексцентричната пејачка, задоволна од резултатот од фотосесијата.

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија