Љубовната и мрачна бајка на Никола Петровки раскажана преку фотографиите на Владимир Видановски

1 октомври 2014

Фотографската приказна „Plains“ што талентираниот фотограф Владимир Видановски успеа да ја раскаже, инспирација црпи од секогаш актуелната тема љубов. Инспиративната нишка иако е по малку мрачна во голема мера му помогна на фотографот во доловување една поинаква модна перцепција „облечена“ во парчињата од женската и машка колекција за есен-зима 2014 на познатиот македонски дизајнер Никола Петровски, која што беше претставена во рамките на Битолска модна модна недела.

Главните улоги на уметникот и неговата вечна муза во фотосесијата им се доделени на Ивана Дуковска и Вања Трампевски, а шминката е дело на Марина Цигарида. Во изборот на модни парчиња и комбинации преовладуваат темните нијанси и впечатливите дезени кои се карактеристичен белег за работата на Петровски. Она што е интересно е дека повеќето модели се рачно сликани, а во поглед на кројот креациите се инспирирани од моделите на 70-тите и 90-тите години на минатиот век. Сите храбри луѓе кои се способни да ја ослободат својата енергија и дух ќе бидат фасцинирани не само од колекцијата туку и од фотографските кадри.

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија