Рускиот онлајн магазин Буро 24/7 како дел од своите содржини објави едиторијал со тематика инспирирана во духот на претстојните новогодишни и божиќни празници.  За зимскиот амбиент да биде доловен во целост, фотографот Инхо Хо ги улови најдобрите кадри од Аспен.

 

Иако во фотосесијата акцентот е ставен на зимските активности, скијањето и прошетката на неодоливите хаски,  двајцата модели се облечени со урбани и шик-парчиња. Манекенката Јасмина Муратовиќ  на моменти потсетува на вистинска Бонд девојка  чија мисија е да ги воодушеви сите оние што ќе ја погледнат оваа фотографско- модна приказна.

 

Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Фото галерија