Модниот фотограф Жак Оливар со своја изложба насловена „Вечно млад“

6 октомври 2013

Модниот фотограф Жак Оливар има своја изложба на модни фотографии во Лозана која ќе трае од 11 октомври до 13 ноември.

 

 

Изложбата вклучува десет фотографии направени врз основа на истражувања кои имаат задача да ја раскажат приказната за модната и уметничката фотографија. Инаку тој веќе дваесет години наназад  соработува со италијанското списание „Marie Claire“, а одговорните на магазинот се задоволни од оваа соработка и велат дека тој е голем мајстор на својот занает бидејќи одлично знае да го истакне естетскиот момент на безвременската убавина кај жените, констатација која во суштина го објаснува и насловот на изложбата „Вечно млад“. Во продолжение погледнете дел од неговиот работен опус:

 

 

 

 

 

 

Објавено:
6 октомври 2013
Категорија: 
Фото галерија