Најдобро облечените жени на празнувањето на машката мода на Pitti Uomo

21 јуни 2014

Тоа дека италијанскиот Pitti Uomo е еден од најпрестижните саеми што ја слави машката мода, не значи дека жените во овој „машки свет“ се аут. Напротив, за време на четиридневната манифестација каде имавме можност да уживаме во вртоглаво инвентивните машки стајлинзи, жените го одржуваа балансот со исто толку добро осмислени и впечатливи изгледи. Овде не се работи за помодарство и лична презентација на актуелните трендови, туку апсолутна и нераскинлива љубов со сета онаа магија во создавањето на визуелен идентитет на личноста и секојдневната посветеност на неговото креирање.

Во фотографиите во продолжение ќе препозанете жени со машка храброст во изборот на андрогени парчиња, но и жени кои преку изборот на лелеавите здолништа и флоралните принтови, без двоумење ја прикажуваат својата кревка и романтична страна.

 

 

Објавено:
21 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија