Направете супер фотографии и со вашиот мобилен телефон!

18 јуни 2015

Денешните мобилни телефони добиваат сѐ подобри и подобри карактеристики со текот на времето, а напредната мобилна фотографија го наметнува прашањето дали наскоро воопшто ќе ни бидат потребни класичните дигитални апарати.

michal-koralewski-manjaaaa

Со одличната технологија, iPhone – от се позиционираше како еден од водечките мобилни телефони во светот, а доказ за тоа е и неодамнешниот натпревар во фотографии направени токму со овој мобилен.

ming-jiuan-sheu-landscapes-honorable-mentions

Дел од натпреварот беа неколку категории меѓу кои и животни, апстракни фотографии, архитектура, деца, храна, цвеќе, пејсаж, природа, луѓе, портрети, мртва природа, патувања и што уште не.

emanuel-vargas-food-honorable-mentions

Она што беше интересно во целиот натпревар е тоа што сите пријавени фотографии не смееја да имаат никаква компјутерска обработка како Photoshop и слични филтри, а дозволено беше користењето на единствено мобилните фото апликации.

И оваа година дел од натпреварот беа навистина фасцинантни фотографии, а сосема заслужено првото место го однесе Михал Коралевски од Полска.

Михал Коралевски - Полска (фотографија во средина) Михал Коралевски - Полска (фотографија во средина)

Доколку сте обожавател на мобилната фотографија, тогаш следната галерија дефинитивно ќе ве инспирира да направите добри фотографии на годинешниот летен одмор!

Објавено:
18 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија