Младата дизајнерка од Букурешт Алина Турден, смисли еден сосема поинаков, необичен винтиџ ентериер за велосипедски бар.

Барот на велосипедисти се наоѓа во прекрасно, историско издание во центарот на стариот дел од Букурешт.

Проектот е резултат на соработката помеѓу дизајнерското студио Опен Спејс Дизајн и сопственикот на барот на кого велосипедите му се стара љубов од детството.

Концептот на целиот бар се состои од повторно оспособување на старите делови од велосипеди во нови функции кои како такви стануваат дел од мебелот и осветлувањето.

Во ентериерот се користени велосипеди од 1930 – тите години, како од Велика Британија, така и од најголемата фабрика за велосипеди Пегас во Романија. Па така, наместо класични столчиња за седење, искористени се седиштата од стари велосипеди.

Во барот може да се ужива и во широката понуда на квалитетни и интересни коктели кои се прават по нарачка и вкус на посетителите.

Објавено:
17 ноември 2013
Категорија: 
Фото галерија