Одберете ја вашата пролетна дестинација за патување

19 март 2014

Американскиот информативен агрегат за вести „Хафингтон Пост“,  објави листа на најубавите дестинации што треба да ги посетите во пролет.  На првото место е Амстердам во Холандија, град во кој  можете да уживате во лалињата додека возите велосипед. Во Амстердам сите бавчи за кафе се отворени од средината на месец март, имајте го и тоа на ум.

На второто место е Лисабон, а за овој најзападен град во Европа велат дека е бајковит во пролет, пред се поради живописните улици, но и замоци.

Будимпешта е град кој на туристите им се препорачува во текот на целата година, пред се зашто не е прескап  како некои други европски престолнини. Тука можете да уживате во музеите, спомениците, термалните бањи, но секако и шопингот.

Рига во Летонија е длабоко врежана во европската историја, синоним за класична музика и елегантна архитектура. Изгубете се низ необичните улици на овој град, уживајте во необичната архитектура од 12 век и проверете зошто Европската унија овој град го прогласи за европска престолнина на културата за 2014 година.

 

Копенхаген во Данска исто така се најде на пистата од најубави пролетни градови, од кој се препорачува да го посетите легендарниот хотел „D’ Angleterre“, потоа да продолжите во шопнинг и по пат да го доживеете најголемиот аквариум во Северна Европа –„The blue planet“.

На листата се најдоа и градови кои се поблиску до нас, како Белград и Дубровник.

Дубровник Дубровник

Веруваме дека убавите фотографии ве поттикнаа да ги испланирате слободните денови и да ја одберете најубавата дестинација според вас.

 

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Фото галерија