Пролетна кампања Зухаир Мурад: Бохо гламурот никогаш не изгледал подобро!

13 октомври 2014

Миленикот на жените, либанскиот дизајнер Зухаир Мурад по кој знае кој пат ги разгалува жените со неговата нова кампања во која се содржани најубавите фустани за пролетната сезона!

Кампањата е олицетворение на боемскиот луксуз по кој дизајнерот е препознатлив во неговата досегашна работа, што е обожувана од трендсетерките од сите страни на светот.

Низ целата пролетна колекција на брендот се провлекува една сосема симпатична и раскошна номадска и џипси нота, преточена во фасцинантни фустани чија палета на бои варира од чиста и нежна бела, па сѐ до интензивна црвена.

Дневните елегантни варијанти што дизајнерот ги нуди за следната пролет вклучуваат класични, совршено скроени панталони во комбинација со одлични палта и тантелни лелеави блузички.

Кога станува збор за блескавите моменти на црвениот килим или свечените настани, Мурад нуди една сосема поинаква, во негов стил, изразена женствена димензија кај фустаните во која без сомневање, би се нурнала секоја една девојка на светот.

Во продолжение, во галеријата можете да ја погледнете целосната фотосесија за пролетната кампања на дизајнерот и неговите совршени парчиња.

Уживајте!

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија