Прва книга со фотографии од уличната мода во Бања Лука од Даша Гајиќ

9 јули 2015

Фотографката  Даша Гајиќ од Босна и Херцеговина која е позната по документирањето на уличниот стил во нејзината родна Бања Лука, во јуни ја објави својата прва книга со фотографии насловена „Street Style Banja Luka by Dasha Gajic“.

Ова воедно е и прва книга од ваков тип во Босна и Херцеговина и во регионот, а е преведена и на англиски јазик. На сто страници Даша го прикажува уличниот стил во Бања Лука, а со тоа се раскажани и индивидуалните приказни на нејзините сограѓани.

Даша Гајиќ на промоцијата на нејзината книга со фотографии

Инаку Даша со фотографија се занимава уште од дете, а во 2012 година го лансираше својот блог посветен на фотографијата од уличната мода. За брзо време, нејзиниот блог стана многу популарен и тоа не само во нејзината земја, туку и интернационално, благодарение на автентичниот град и приказните што ги раскажуваат неговите улици и луѓето кои живеат таму.

 

За нејзиниот блог пишуваа и светски познатите магазини The Guardian, Push it Magazine, Opus Mag, Urban Fieldnotes, Club Fashionista, а била наградена и со престижните признанија: The Best Street Style Photograph 2013 (Интернационален натпревар за најдобра фотографија од уличната мода), прва награда на натпреварот за најдобра студентска фотографија на Универзитетот во осло во 2013 година и заслужи свое место во престижното друштво на најдобри блогери во светот кои се фокусирани на уличната мода (Street Style News).

Во продолжение ве потсетуваме на дел од нејзиното портфолио.

 

 

 

Објавено:
9 јули 2015
Категорија: 
Фото галерија