Првите фотографии на Кејти Пери за Москино

16 јуни 2015

Откако неодамна пејачката објави дека нејзината долгогодишна соработка со брендот Москино ја крунисува со титулата заштитно лице, конечно беа објавени и првите фотографии со кои таа ги израдува обожавателите.

Кејти Пери на нејзиниот Инстаграм профил објави неколку тизер фотографии за кампањата есен – зима на брендот, на кои уште еднаш се гледа уметноста на Џереми Скот.

На фотографиите таа блеска со нејзината нова фризура во креации сосема препознатливи за брендот, во интензивни и секогаш неодоливи бои.

На една од фотографиите, можеме да ја видиме пејачката полугола, со наметната крзнена бунда, колоритна чантичка и златни потпетици.

Досега пејачката многупати има соработувано со нејзиниот долгогодишен пријател Џереми Скот, кој ги дизајнираше нејзините креации за настапот на Супербоул.

Објавено:
16 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија